fbpx
Додај во омилени училници

Училница за стрип

За пријавување на оваа училница потребно е да сте регистрирани Клик тука!
strip

strip

Уметноста игра клучна улога во менталниот, когнитивниот, социјалниот, интелектуалниот и емотивниот развој на детето, бидејќи нуди алатки за самоизразување, кои на детето му даваат потполна слобода да се изрази.

Шкртањето, цртањето, сликањето и сите останати форми на визуелно изразување ги развиваат моторичките функции на детето. Преку држењето на четка, цртањето со креда, повлекувањето на линии со молив, премачкувањето на лист со боја, превиткувањето хартија и многу други активности ги поттикнуваат овие функции кај детето и го учат контролирано да работи со материјалите околу себе.

Покрај ова, се развива и креативноста, како и способноста за ефикасно решавање на проблеми. Кога децата творат, тие наидуваат на најразлични предизвици, се соочуваат со многу изненадувања и неочекувани резултати преку кои можат самите да донесуваат заклучоци, да прават проценки и да учат дека секоја проблематика може да има повеќе од едно решение. На тој начин, тие развиваат мошне корисни способности во изучувањето на најразлични други области.

Преку визуелниот начин на изразување децата вежбаат повеќе аспекти од својот развој. Се учат како да работат трпеливо и фокусирано, а од друга страна се учат да ја препознаат својата уникатност и да се израдуваат на постигнатите резултати, што позитивно влијае на нивното ментално здравје.

Училницата за цртање стрип им нуди можност на децата да раскажуваат свои приказни, да испратат пораки и да му зборуваат на светот преку слики. Ќе создаваат свои реалности, ќе ги обработат настаните кои им се случуваат, ќе се забавуваат како еден мал, шарен уметнички колектив, во кој ќе учат да си помогнат, да ги покажуваат своите творечки експерименти и резултати, да се слушаат едни со други, притоа заменувајќи ги домашните ѕидови како медиум со хартија.

Ќе се дружиме со Астерикс и Обеликс, Гарфилд, Снупи и многу други ликови и херои додека создаваме нови.

  • online & offline настава
  • Учиме што е стрип
  • Ги оживуваме омилените карактери
  • Преку гримаси и гестикулации до дизајн на карактер
  • Учиме да се изразуваме без букви
  • Градиме замислени карактери
  • Ги сместуваме карактерите во приказна
  • Експериментираме со материјали и создаваме први сцени
  • Го изготвуваме стрипот, му даваме име и уметнички потпис

Уписите се во тек! За повеќе информации и пријава контактирајте нè на 075 28 6666

Училницита за стрип ги води Јулијана Росоклија. Таа е талентирана и искусна илустраторка со големо искуство во сферата на графичкиот и социјалниот дизајн. Јулијана е магистрантка на виенскиот Angewandte и е посветена менторка која активно создава интерактивни производи со едукативна содржина за деца и млади. 🍭 Јулијана е дизајнерка чиј фокус е социјален графички дизајн и детска едукација. Нејзиното професионално искуство вклучува работа со деца на Универзитет за применети уметности Виена во соработка со Детски Универзитет Виена. Часовите кои ги води се секогаш иновативни, забавни и креативни. Приватно црта волшебни и бескрајно креативни стрипови и илустрации.

Со кликање на копчето „Ок, важи“ или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. Вашите податоци се безбедни! За повеќе информации проверете на Политика за приватност & Политика за „колачиња