Си била еднаш, една мала Училница на брдовитиот Балкан, каде деца учеа како да напишат приказна… Низ примери од светската книжевност ќе ги откриеме основните елементи на секоја сказна. „Кој, што, каде, кога, како?“. Преку светската митологија и фолкор ќе се запознаеме со улогата на книжевноста во разбирање на светот кој нè опкружува. Ќе патуваме низ времето и просторот со приказни од сите краеви за да стигнеме до современата книжевност.
На училницата за креативно пишување и книжевно толкување ќе научиме како да го протолкуваме напишаното. Ќе читаме и пишуваме проза и поезија со фокус на модерни македонски автори. Ќе се запознаеме со почетоците на книжевноста, магичната моќ на приказните и растегливоста на јазикот. Која е разликата помеѓу поезија, драма и епика?
Од приказна до реалност.
Училницата за креативно пишување и книжевно толкување е прилагодена за деца во две возрасни групи од 10 до 12 години и од 13 до 15 години. Училницата трае 2 месеци (со можност за онлајн и офлајн настава). Се работи со ограничена бројка на ученици и се изучуваат техниките на пишување и објавување текстови со помош на различни дигитални алатки. Краен резултат е онлајн објавување на детските авторски дела.