fbpx
Додај во омилени училници

Училница за креативно пишување и книжевно толкување

За пријавување на оваа училница потребно е да сте регистрирани Клик тука!
Ученици: 8
Часови: 48
Времетрање: 3 месеци
Предавања: 24
Секое предавање: 90 минути
Ниво: Почетничко
Денови: вторник - четврток
Час од: 19:30 - 21:00
креативно пишување

креативно пишување
Оваа училница е создадена за млади од 15 до 18 годишна возраст кои сакаат да се запознаат со техниките на креативното пишување, како се толкуваат уметнички дела преку истражување и како со креативни вежби можеме да го продлабочиме разбирањето за светот околу нас и во нас.
Без разлика дали се пишува за реалноста или се креираат целосно нови универзуми, текстот е секогаш моќна алатка.

Ја креиравме оваа училница со цел да ги соединиме технологијата и креативноста, како алтернативен образовен простор, во кој сите ќе се чувствуваат слободни да истражуваат и создаваат.

Преку оваа училница ќе ги посетиме седумте кругови на пеколот на Данте и кхм :), дел од лектирите во средно образование, ќе преминеме на другата страна преку научната фантастика на Урсула Ле Гуин и ќе го видиме светот одново под стакленото ѕвоно на Силвија Плат.

На часовите ќе дискутираме зошто при пишување на приказни и ликови – интроспекцијата е најважна; зошто не постои его при едитирање на текст и генијалната верзија доаѓа заедно со Годо!

  • 48 часа предавања со ментори, во живо
  • Толкување на книжевни дела
  • Пишување приказна, следејќи примери на светски и наши писател(к)и
  • Пристап до онлајн платформа и медиум, подготвување на дигитален текст
  • Дигитализација и современа употреба на јазикот во културата
  • Вежби по креативно пишување за поттикнување на критичко и индвидуално размислување
  • 8 ученици во група
  • Целосен пристап до предавањата и по завршувањето на училницата
  • Сертификат по успешно комплетирање на училницата

Вовед во книжевност

1
Вовед во Теорија на книжевност/ Дискусија за книжевните вкусови и литературата денес
90 мин.

Критичко размислување и толкување

1
Вовед во Книжевна критика/ Дискусија за критичко размислување
90 мин.

Како се анализираат лектири I

1
Навраќање и реобработка дела од средно образование, преку методите на книжевното толкување
90 мин.

Како се анализираат лектири II

1
Реобработка на лектири по избор/ Пишување кратки есејски форми 1
90 мин.

Како се анализираат лектири III

1
Реобработка на лектири по избор/ Пишување кратки есејски форми 2
90 мин.

Како се анализираат лектири IV

1
Дискусија
90 мин.

Перспективи во книжевноста

1
How did they ever make a Lolita movie? – Различни типови на раскажувачи во книжевноста преку анализа на „Лолита“ од Владимир Набоков
90 мин.

Вежба: Креативен експеримент

1
Перспективи во текст/ Позиции на моќ, од книжевност до реалност/општество
90 мин.

Научно фантастична книжевност

1
Феминистичко читање на научната фантастика/ Дискусија на етички прашања
90 мин.

Вежба: Креативно пишување

1
Интерактивни вежби
90 мин.

Осврт кон интроспекцијата во „Bell Jar“ - Силвија Плат

1
If you want to change the world start with yourself или зошто себе-рефлексијата е важна
90 мин.

Вежба: Креативно пишување

1
Тек на свест/ Водење дневник
90 мин.

Надреалистична поезија

1
Читања на песни по избор од современи, светски и македонски поети
90 мин.

Вежба: Креативно пишување

1
Пишување поезија според модернистички принципи
90 мин.

Ново гледање на бајките

1
Од Браќа Грим до Волт Дизни/ Сексуалноста како движечки мотив во бајките
90 мин.

Вежба: Книжевна игра со книжевно време и жанровски преплети

1
Од бајки до реалност или како би изгледале модерните бајки за љубовта, различноста, сексуалноста
90 мин.

Дигитални книжевни форми

1
Дискусија – Како се користи книжевноста денес?
90 мин.

Вежба: Динамика и тек на мисла

1
Едитирање на дигитален текст/ Kнижевност и мемиња/ Сленг речник
90 мин.

Книжевна критика: Обработка на дело по избор I

1
Примена на наученото – Пишување книжевна критика
90 мин.

Книжевна критика: Обработка на дело по избор II

1
Дискусија 2
90 мин.

Пишување на авторски уметнички форми I

1
Креативно пишување преку следење на вежби 1
90 мин.

Пишување на авторски уметнички форми II

1
Креативно пишување преку следење на вежби 2
90 мин.

Пишување на авторски уметнички форми III

1
Пишување на завршниот текст, слободна форма и тема
90 мин.

Пишување на авторски уметнички форми IV

1
Објавување на текстот/ Дискусија
90 мин.
Марија Бошковска е дипломирана компаратистка на катедрата за Општа и Компаративна книжевност. При нејзината работа како наставничка има стекнато искуство со онлајн предавања, преку кои е запознаена со предизвиците на дигиталното образование. Преку работата во издаваштвото и водењето на платформата за култура „Пиреј“, таа е запознаена со новите книжевни текови, состојбата на книжевноста и културата на ова поднебје. Има пишувано книжевни и филмски критики, интервјуа, феминистичка анализа на популарната култура, бајки, академски и фикционални текстови, секогаш социјално ангажирани.
Ивана Смилевска е дипломирана компаратистка од катедрата за Општа и компаративна книжевност. Таа пишува проза и поезија и е заинтересирана за жанровските вкрстувања. Вљубеник во сатира, фикција и мемиња, таа смета дека пристапот кон книжевноста треба да ја има предвид дигитализацијата и новите зборовни форми, а веќе долго време го анализира политичкото во културата и ангажираната уметност. Пишувајќи новинарски текстови од областа на образованието, менталното здравје и популарната култура, таа е одблиску запознаена со состојбата и потребите на младите, но особено со нивниот потенцијал.

Со кликање на копчето „Ок, важи“ или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. Вашите податоци се безбедни! За повеќе информации проверете на Политика за приватност & Политика за „колачиња