fbpx
Додај во омилени училници

Училница за графички дизајн

За пријавување на оваа училница потребно е да сте регистрирани Клик тука!
Ученици: 8
Часови: 48
Времетрање: 3 месеци
Предавања: 26
Секое предавање: 90 минути
Ниво: Напредно
Денови: вторник - четврток
Час од: 14:00 - 15:30
графички дизајн

графички дизајн
Оваа училница е наменета за млади од 15 до 18 годишна возраст. Графичкиот дизајн е насекаде околу нас, во безброј форми, како на екран така и на принт. Дизајнот секогаш се состои од испреплетени слики и зборови и неговата крајна цел е комуникацијата.

За време на 12 неделната училница, учениците се стекнуваат со вештини потребни за креирање на софистициран графички дизајн: техники на цртање, основи на Photoshop и Illustrator, изработка на лого, техники на печатење, како и веб дизајн.

Овој сет составен од клучни вештини ќе ги подготви учениците за формални студии по графички дизајн и ќе им биде почетна точка за понатамошно развивање во областа.

Училницата се комплетира со финален проект којшто е резултат на стекнатите вештини од сите опфатени области.

  •  48 часа предавања со ментори, во живо

  •  Запознавање со техники на цртање

  •  Запознавање со техники на печатење

  •  Темелно изучување и работа во Photoshop & Illustrator

  • Креирање и примена на комплексен дизајн како решение
  • Изработка и примена на сопствен дизајн на производ по избор на секој ученик
  • Потикнување на креативно размислување
  • Употреба на дизајнот како решение за одреден проблем
  • 8 ученици во група
  • Целосен пристап до предавањата и по завршувањето на училницата
  • Сертификат по успешно комплетирање на училницата

Основни принципи на дизајн

1
Запознавање / Композицијa / Намена
90 мин.

Техники на цртање

1
Пропорција / Перспектива / Мерење
90 мин.

Основи на Photoshop

1
Запознавање со Photoshop, предности и недостатоци, употреба
90 мин.
2
Изучување на алатки
90 мин.
3
Основнa обработкa на jpeg фотографија
90 мин.
4
Основнa обработкa на raw фотографија
90 мин.
5
Напредна обработка на фотографија 1
90 мин.
6
Напредна обработка на фотографија 2
90 мин.

Основи на Illustrator

1
Запознавање со Illustrator, предности и недостатоци, употреба
90 мин.
2
Изучување на алатки
90 мин.
3
Креирање на основен вектор објект 1
90 мин.
4
Креирање на основен вектор објект 2
90 мин.
5
Креирање на комплексен вектор објект 1
90 мин.
6
Креирање на комплексен вектор објект 2
90 мин.

Идентитет на бренд

1
Изработка на вектор лого за финалниот проект 1
90 мин.
2
Изработка на вектор лого за финалниот проект 2
90 мин.

Од идеја до продукт

1
Комбинирање на Illustrator и Photoshop
90 мин.
2
Припрема за печатење, креирање мокап за презентирање на финалниот производ.
90 мин.
3
Комуникациски вештини
90 мин.
4
Комуникациски вештини со реална компанија
90 мин.

Техники на печатење

1
Запознавање со техники на печат и припрема на материјали
90 мин.
2
Дигитално печатење на изработен дизајн
90 мин.

Визуелизација на профили за социјални мрежи

1
Учење на основни layout-и за Instagram, Tiktok, Facebook 1
90 мин.
2
Учење на основни layout-и за Instagram, Tiktok, Facebook 2
90 мин.

Вовед во графичка анимација

1
Вовед во графичка анимација
90 мин.
2
Изработка графичка анимација
90 мин.
Емилија Ланговска има магистратура во областа на архитектурата, а своите додипломски и постдипломски студии ги има завршено во Милано и Барселона. Во текот и по завршувањето на студиите има работено и експериментирано со различни медиуми од областа на графичкиот дизајн како: колажирање со фотографии, комбинирање на 2D и 3D форми како и графичка анимација. Како поважни независни проекти во Македонија може да се издвојат архитектонско-урбанистичкото решение за конкурсот ”Кале – културна тврдина” и дизајнирањето на излогот на „Театар за деца и младинци” како дел од Windows Display Week 2019. Во студиото работи како проектна менаџерка од 2017 година и е составен дел од тимот дизајнерки на Преплет.
Магдалена Аврамовска е една од основачките на ПРЕПЛЕТ. Таа е дипломирана графичка дизајнерка. Има учествувано на повеќе интернационални изложби од областа на графичкиот дизајн, меѓу кои 4тата интернационална изложба “Yaku”, во Лима, Перу, каде се претстави со нејзиниот постер “Hold the last drop” и на 18-тиот интернационален фестивал “Golden Drum” во Словенија, каде учествуваше со постерот “The Little Prince”, како off-drum финалист. По основањето на студиото, до денес има соработувано со многубројни локални и странски дизајнери. Во студиото работи како уметнички директор.

Со кликање на копчето „Ок, важи“ или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. Вашите податоци се безбедни! За повеќе информации проверете на Политика за приватност & Политика за „колачиња