fbpx
Додај во омилени училници

Училница за графички дизајн за деца

За пријавување на оваа училница потребно е да сте регистрирани Клик тука!
Ученици: 8
Часови: 48
Времетрање: 3 месеци
Предавања: 24
Секое предавање: 90 минути
Ниво: Почетничко
Денови: вторник - четврток
Час од: 19:00 - 20:30
графички дизајн за деца

графички дизајн за деца

Ова е училница со наставен план наменет за деца од 10 до 14 годишна возраст. Визуелниот јазик е универзален, а графичкиот дизајн негова наука. Од првите пештерски слики па се до Instagram филтрите денес – опкружени сме со слики и текстови во различни форми, големини и бои, печатени и дигитални. Сите тие ни служат за разни видови на комуникација.

За време на оваа 12 неделна училница, ќе се стекнете со вештини потребни за креирање на комплетен дизајнерски производ, преку изучување на техники на цртање, основи на Photoshop и Illustrator, изработка на лого, техники на печатење, како и креација на дизајни за социјални медиуми.

Овој сет составен од клучни едукативни единици преку кои учениците ќе научат графички дизајн, ќе послужи како значајна основа за понатамошно развивање во оваа креативна област. Училницата се комплетира со финален проект кој е резултат на стекнатите вештини од сите опфатени области.

  •  48 часа предавања со ментори, во живо

  •  Запознавање и изучување на Illustrator & Photoshop

  •  Запознавање со техники на цртање

  • Запознавање со техники на печатење

  • Потикнување на креативно размислување
  • Изработка и примена на сопствен дизајн на производ по избор на секое дете

  • Употреба на дизајнот како решение за одреден проблем

  • 8 ученици во група
  • Целосен пристап до предавањата и по завршувањето на училницата
  • Сертификат по завршувањето

За повеќе информации и пријава контактирајте нè на 075 28 6666

Основни принципи на дизајн

1
Што е графичкиот дизајн и куса историја
90 мин.
2
Примена на графичкиот дизајн (печатени медиуми, амбалажа..) и примери од познати дела
90 мин.

Техники на цртање

1
Композиција
90 мин.
2
Пропорции
90 мин.
3
Перспектива
90 мин.
4
Видови цртежи (кроки, илустрација, скици, стрип, doodles…)
90 мин.

Основи на Photoshop

1
Запознавање со Photoshop, предности и недостатоци, употреба, Interface
90 мин.
2
Изучување на алатки
90 мин.
3
Разлика помеѓу видови фајлови (jpeg, raw, tiff) и обработка на фотографија 1
90 мин.
4
Oбработка на фотографија 2
90 мин.

Основи на Illustrator

1
Запознавање со Illustrator, предности и недостатоци, употреба, Interface
90 мин.
2
Изучување на алатки
90 мин.
3
Креирање на основен вектор објект (како од скица до дигитална илустрација)
90 мин.
4
Креирање на комплексен вектор
90 мин.

Идентитет на бренд

1
Вовед во визуелен идентитет на бренд (лого, brand book, типографија, color карта)
90 мин.
2
Изработка на визуелен идентитет за бренд (лого, типографија, боја, packaging, рекламен материјал)
90 мин.

Од идеја до продукт

1
Вовед во mock ups (комбинирање на Illustrator и Photoshop)
90 мин.
2
Примена на mock ups
90 мин.

Техники на печатење

1
Вовед во различни техники на печатење
90 мин.
2
Припрема за печатење
90 мин.
3
Дигитално печатење на изработен дизајн
90 мин.

Дизајн на содржини за социјални мрежи

1
Учење и дизајн на основни layout-и за Instagram, Tiktok, Facebook
90 мин.

Вовед во графичка анимација

1
Изработка на графичка анимација 1
90 мин.
2
Изработка на графичка анимација 2
90 мин.
Јулијана Росоклија работи како графички дизајнер и илустратор. Таа е активна во сферата на издавачката дејност и печатените медиуми, а креира содржини и за дигитални медиуми и мрежи. Вљубеник е во стоп анимација и постојано комбинира аналогни со дигитални техники, пренесувајќи визуелно разни приказни и пораки. Во областа на социјалниот дизајн, Јулијана креира интерактивни, едукативни производи за деца и млади, а работи и на истражувачки проекти во областа на социјална маргинализација во јавен простор. Шкртки и илустрации, сериозни и помалку сериозни се наоѓаат на Instagram кај @Jules.on.tabularasa.

Со кликање на копчето „Ок, важи“ или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. Вашите податоци се безбедни! За повеќе информации проверете на Политика за приватност & Политика за „колачиња