fbpx
Додај во омилени училници

Училница за глума

За пријавување на оваа училница потребно е да сте регистрирани Клик тука!

глума

Училницата за глума е наменета за деца од 7 до 14 години и е важна од повеќе аспекти за развојот на малите деца. При запознавањето со драмската дејност и што претставуваат нивните омилени ликови, децата ја развиваат својата имагинација, но во исто време часовите по глума го развиваат детскиот мозок на повеќе начини.

Децата учат да бидат флексибилни и да се прилагодуваат на менување на ситуациите. Ова им овозможува да бидат помалку реактивни кога ќе се појават нови работи и да бидат поподобни да прифатат промена, како на сцената така и во животот.

Стекнуваат самодоверба. Глумата е форма на уметнички израз. Часовите за говор и драма ги охрабрува децата кои учествуваат, самоуверените и оние кои се срамежливи и резервирани, да ги дадат своите идеи и предлози за тоа како да ги збогатат своите улоги. Глумата ќе им помогне да ги надминат своите граници и да откријат нови можности.

Имаат предност на училиште и полесно учат. Глумата развива вештини како подобрени вештини за орална комуникација, емпатија, вештини за слушање, самодисциплина, навременост и почитување на роковите, како и креативно решавање на проблеми се неопходни за академски успех во училиште. Развиените ораторски вештини, како да го контролираат тонот на глас се токму она што е потребно за училишните презентации и групните дискусии.

Децата ја развиваат својата емоционална интелигенција. Емоционалната интелигенција овозможува читање на сигналите на луѓето околу нив и соодветна реакција. Ова го зголемува нивниот капацитет да се справат со нивните емоции. Оваа придобивка е особено важна за дечињата кои се срамежливи на почетокот од нивниот развој.

Крајно, децата се ангажирани во уметничка и изведбена сфера уште во ран развој,  сфера која отвора свет на откривање, развој и самоизразување.

  • 8 online предавања со ментор во живо
  • Како се гради драмски лик
  • Како се создава монолог
  • Запознавање со креацијата на лик
  • Креативен простор за изразување
  • Освестување на вештината имитација
  • Креативно изразување преку цртање
  • Будење на вокалните и говорни способности
  • Креативно изразување преку тело
  • Завршна изведба на сработеното

За повеќе информации контактирајте нè на 075 286 666

Училница за глума

1
Ова сум јас, а кој е мојот херој?
60 мин.

-  На првиот час, односно часот на запознавање детето се претставува себе (возраст, интереси, доблести, маани, желби, хоби, стравови). Потоа детето го претставува својот херој, со помош на педагогот детото го опишува својот херој и се обидува да ги најде карактеристиките кај истиот, на истиот начин како кога се открива себе си.

-   Во овој час децата учат за карактер, особини, односно како е создаден еден лик(карактер) од цртаните, приказните, басните, филмовите.

2
Кажи здраво на твојот херој
60 мин.

-  Овој час е посветен на презентирање на омилениот лик (херој). Секое од децата на свој креативен начин ќе се обиде да го презентира херојот на останатите во училницата. Со ова детето ги осознава вештините на изразување, покажување, имитација со кои ќе се служи до крајот на овој циклус.

3
Во театар и на филм хероите се маскираат
60 мин.

-  Децата се веќе подетално запознаени со тоа од што е создаден (карактерно) еден фиктивен лик (карактер). Овој пат го обликуваме ликот со тоа што надворешно го доградуваме, односно, детето му смислува шминка и костим и движење.

4
Го облеков мојот херој
60 мин.

-  Бидејќи за вој процес е потребно малку повеќе физичка ангажираност и повеќе креативна работа,  „облекувањето” го поделивме во два часа

5
Како ќе го сменам светот?
60 мин.

-  Секој лик во литературата или на малите екрани со себе носи некоја универзална порака. Овој пат детето ја осознава намерата на литературата, анимираниот филм, приказната. Осознавајќи ја и пораката на својот лик (кој детето веќе го има изградено) сега учиме како да ја пренесеме на публиката.

6
Си имам свој монолог за секој да ме слушне
60 мин.

-  Во оваа фаза веќе имаме напишано (создадено) монолози од име на херојот. Детето со помош на педагогот внимателно создаваат краток монолог. Монологот ја содржи и пораката на ликот која треба да биде кажана.

7
Повторувањето е мајка на знаењето
60 мин.

-  Во овој час, кратко ќе се навратиме на сите лекции, ќе ги повториме и ќе ги имплементираме во сцените на децата (монолозите од име на херој). Времето кое преостанува од овој час ќе се искористи за повторување и утврдување на знаењето на текстот, интерпретацијата и говорот.

8
„(Мамо), (Тато) види!“
60 мин.
  • Крајот на оваа училница е резервиран за изведбениот дел од сработеното низ часовите. Во зависност од околностите и мерките за безбедност, изведбата ќе се одвива или на отворено или ќе изведуваме низ дигитална форма и снимен материјал.


Наталија Теодосиева е позната и наградувана македонска актерка и професионална танчерка. Градејќи значајни улоги низ националните и независните театри, имајќи богато филмско искуство и учество во повеќе детски и младински проекти, Наталија ќе донесе свежина и креативност во нејзината нова улога, водење на децата низ откривањето на актерската магија. Повеќе за Наталија, нејзините награди, проекти и улоги, може да прочитате на нејзината официјална IMDB и Facebook страна.

Со кликање на копчето „Ок, важи“ или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. Вашите податоци се безбедни! За повеќе информации проверете на Политика за приватност & Политика за „колачиња