fbpx
Додај во омилени училници

Училница за истражување на човекови права

човекови права

човекови права

Како средношколец/ка се соочуваш со различни предизвици. Како да се надминат истите? Што значи рамноправност? Што се тоа човекови права?

Ова е бесплатна училница која помага да се научат да се почитуваат или при евентуални повреди и судири да ги разрешуваат.

Училницата за истражување на човекови права е креирана за средношколци кои сакаат подобро да ги разберат човековите права и слободи, низ примери, вежби и дискусии.

Човековите права и слободи како стандарди мора да се почитуваат во сите сфери на секојдневното човеково живеење во државата која пак мора да ги промовира и гарантира како нејзина основна обврска спрема граѓанинот.

Рамката на човековите права доколку ја познаваме и се повикуваме на неа е конечно водечка насока за трасирање на нашата иднина. Таа претставува важен критички систем за поддршка и моќно средство за активно дејствување против сегашната општествена дезинтеграција и нетолеранција коишто владеат во целиот свет.

Ќе појдеме од фактот дека основните слободи и права се гаранција за пристоен и достоинствен живот на секое човечко битие. Тука ќе го разгледуваме развојот на човековите права и концептите кои се креираат со текот на времето, и ќе ги истражуваме нивните значења за поединецот и за општеството, некогаш и сега.

Ќе истражуваме и зошто човековите права не се тема која треба да ја истражуваат само правници, туку сите луѓе и тоа уште од најрана возраст. Ќе ги ставиме правата на тестот на времето – дали некое право или слобода треба да се измени? И што можеме ние да направиме во врска со тоа?

  • 24 часа онлајн предавања со ментори, во живо

  • Дополнителни консултации еднаш неделно
  • Запознавање на учениците со различните видови права кои им се загарантирани и механизмите на нивна заштита

  • Оспособување за препознавање на повреда на правата

  • Основи на правничко истражување и пишување
  • Целосен пристап до предавањата по успешно комплетирање на училницата
  • Поттикнување за размислување на можности за унапредување на човекови права

Истражување на човекови права

1
Вовед во основни човекови права
90 мин.
2
Техники на правно пишување и истражување
90 мин.
3
Дискриминација
90 мин.
4
Права на деца
90 мин.
5
Врсничко насилство
90 мин.
6
Права на жени
90 мин.
7
Насилство во домот
90 мин.
8
Родова рамноправност и родово базирано насилство
90 мин.
9
ЛГБТ права и предизвици
90 мин.
10
Право на работа
90 мин.
11
Право на здрава животна средина
90 мин.
12
Азил и миграции
90 мин.
Маја Атанасова е дипломиран правник и вљубеник во човековите права. Сака да работи со млади бидејќи верува дека доколку на младите им се дадат доволно информации, можност за истражување и слобода за дејствување, тие навистина ќе го направат светот поубаво и побезбедно место за живеење. Повеќе од 10 години организира и спроведува обуки и работилници наменети за средношколци и студенти и тоа од областите на заштита и унапредување на човековите права, волонтирање и волонтерски менаџмент.

Со кликање на копчето „Ок, важи“ или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. Вашите податоци се безбедни! За повеќе информации проверете на Политика за приватност & Политика за „колачиња