fbpx
Додај во омилени училници

Училница за астрономија

Цена
За пријавување на оваа училница потребно е да сте регистрирани Клик тука!
Ученици: 9
Времетрање: 1 месец
Предавања: 8
Секое предавање: 60 минути
Почеток: 8 јуни, 2021
Денови: вторник - четврток
Час од: 18:00 - 19:00
astronomija

astronomija

Астрономијата е една од најстарите науки. Без разлика на возраста, таа нè вчудоневидува и инспирира сите нас. Желбата да се истражи непознатото е особено изразен кај децата кои од најрана возраст покажуваат неверојатен интерес за оваа сфера. Во денешниот модерен свет и дигитално време достапна е можноста да видиме многу слики и видеа кои се од областа на астрономијата.

Оваа училница по астрономија има за цел низ игра ги научи децата на основите на астрономијата, како што се небесни тела и појави, да се сретнат со вистински телескоп низ кој ќе можат да видат Месечина и планети.

Ќе им доловиме колку се големи ѕвездите, планетите и нивните месечини, ќе моделираме сончев систем од макети. Ќе учиме колку се далеку ѕвездите од нас, а колку планетите и од што се создадени. Ќе одговориме на сите прашања, ќе правиме експерименти, ќе моделираме, боиме или цртаме планети.

Со експерименти ќе им покажеме на децата како телескопи собираат светлина, како се разликува нашата тежина на Земја, од планетата Марс и нашата Месечина, како работат ракетите.

Запознавањето со астрономија исто така поттикнува интерес за сродни научни теми како физика и математика. Астрономијата постојано нè потсетува дека универзумот е бесконечен, во исто време нè учи дека животот е извонреден и скапоцен. Сето ова, но и други нешта што ќе ги интересира децата на оваа училница, ќе се обидеме да им помогнеме на децата полесно да ги разберат астрономските тела и појави и нивниот интерес за астрономија да го претвориме во задоволство, потенцијално доживотно хоби и можна професионална кариера за нив во подоцнежните години.

Училницата за астрономија е наменета и адаптирана за деца во две возрасни групи од 6 до 9 години и од 10 до 14 години.

  • 8 часа предавања со ментор, во живо
  • online & offline настава
  • Гради интерес за наука
  • Култивира интерес за учење и нуди незаборавно искуство
  • Помага да се разбере литературата и митологијата
  • Помага да се разберат дневните рутини, мерењето на времето, календари и слично
  • Истражување со вистински телескоп

За повеќе информации и пријава контактирајте нè на 075 28 6666

Училница за астрономија

1
Патување од Земја до работ на Вселена
60 мин.

Ќе се запознаеме со сите небесни тела во едно имагинарно патување низ Вселената. Би тргнале од Земја, од Скопје, па до работ на видливата Вселена. Би поминале сите објекти од планети, месечини, ѕвезди, галаксии..

2
Прошетка низ Сончев систем
60 мин.

Визуелен приказ каде хипотетички/математички се намалуваат небеските тела за 10 милијарди пати, па така Сонцето ќе ни претставува голема топка од 15 сантиметри и соодветно на тоа и останатите планети. Со тоа ја учиме нивната големина и раздалеченост.

3
Астрономски феномени низ експерименти
60 мин.

Ќе работиме со ласери, магнети, балони, ќе учиме за природните појави преку експерименти.

4
Што е телескоп? Што е ракета?
60 мин.

Како работи телескопот? Што е гравитација? Ќе погледнеме како летаат ракетите преку моделирање на ракета (макета)

5
Ја цртаме вселената
60 мин.

Преку цртање на небеските објекти ќе раскажеме за основните карактеристики на планетите, ѕвездите, кометите...

6
Моделираме планети
60 мин.

Ќе моделираме и боиме планети од глина или пластелин. Ќе ја објасниме секоја планета.

7
Креираме сончев систем
60 мин.

Во ранчето кое ќе ви пристигне дома пред почетокот на училницата, ќе испратиме реквизити од кои ќе составиме наш мал сончев систем.

8
Набљудување со телескоп
60 мин.

Ќе набљудуваме со вистински телескоп! Предавањето ќе зависи од временските услови, а ќе бидат запазени сите мерки на претпазливост за секое дете.

Радан Митровиќ, основач на Скопско астрономско друштво ( САД ) и предавач во планетариум при МКЦ. Активно се занимава со астрономија повеќе од 20 години. Во САД држи предавање на курсеви по астрономија за возрасни и за деца. Долго работи со телескопи и сте можеле да го видите често со неговиот телескоп на плоштад. Сака да работи со деца и на оваа училница ќе се обиде низ игра да им покаже на децата што сè она што е најинтересно во астрономијата.

Со кликање на копчето „Ок, важи“ или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. Вашите податоци се безбедни! За повеќе информации проверете на Политика за приватност & Политика за „колачиња