Сара Цветановска е мајка на Миро кој има 8 години и ја посетуваше Училница за креативно пишување за деца. Миро посетуваше приватна училница, која како и секоја друга Училница, еден на еден, беше дизајнирана да одговори на уникатните потреби на детето. Училницата за креативно пишување го запозна Миро, кој живее во Германија, а има македонско потекло, со македонската книжевност за деца и култура. Часовите беа посветени на читање и пишување. Миро покажа исклучителен напредок во употребата на македонскиот јазик и интерес за анализирање на книги од македонски автори за деца. Прочитајте го искуството на Сара и уживајте 🙂
Сите книги се различни на свој начин, но исти во тоа што раскажуваат приказни. Во секоја култура, во секој “заборавен” дел од светот, традицијата на раскажување приказни е нешто што децата го добиваат од возрасните. На овој начин книгите секогаш го менувале и ќе го менуваат светот. Оваа промена е интимна и лична.