Политика за приватност & Политика за колачиња
Политика на приватност
Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на веб страната Училница, и објаснува како КСМЕТ ДООЕЛ (“Училница“, “нас”, “ние” и “нашите”) ги користи вашите податоци, а се однесува на нашиот веб сајт www.ucilnica.com, мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.
Политиката на приватност на Училница појаснува каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани корисници и купувачи на оваа веб страна. Секој купувач и корисник при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност. Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
Информациите кои нам ни се потребни се: Име и презиме, име презиме на родител/старател, e-mail адреса, email адреса на родител/старетел, град на живеење, возраст и телефон за контакт.
Податоците кои ги побаруваме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Македонија.
Безбедност на податоците
Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер, до кои само ние имаме пристап. Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.
Податоци за плаќање
Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето, од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. При електронската наплата на нарачки, Училница нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие се испраќаат и трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме – Халк Банка која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, едиствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани.
Употреба на веб страницата од страна на малолетни лица
Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели. Содржините објавени на веб-страната се безбедни за малолетни лица. Општина Македонски Брод никогаш нема намерно да земе, да зачувува или користи лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги проследи на трета страна без дозвола од родителот/старателот.
Училница ги превзема сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите. Училница не дискриминира никого врз основа на возраст, пол, раса, национална припадност, политичка, сексуална или било која друга определба.
Оваа политика на приватност стапува на сила од Maj 2020 година. Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на веб странатa Училница најмалку 30 дена пред да стапат во сила.
Авторски Права
Објавените содржини, слики, логоа, слогани, информации, податоци… се заштитени под интернационалните закони за авторските права. Најстрого се забранува секое неовластено копирање, репродукција, пренос, бришење, реверзивно декодирање и злоупотреба на содржината објавена на Училница во целост или во делови.
Училница се оградува од содржината на другите веб-сајтови коишто можеби директно или индиректно преку link се поврзуваат со Училница. Сите употребени логоа, трговски марки и слогани се во сопственост на нивните легални сопственици. Логото на Училница® е регистрирана трговска марка!
За кои цели се користат собраните податоци и информации?
Вашите лични податоци ги обработуваме:
-За овозможување на online користење на нашите услуги и производи, со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата кон корисниците, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка и
– За администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страницата, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нуди.
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.
На кој начин се врши обработката на личните податоци?
Обработката на Вашите лични податоци Училница ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Персоналот е обврзан да ги чува во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојде за време на извршувањето на нивните работни задачи. Училница применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страница. Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи во со закон предвидена постапка.
Обврска за тајност и заштита на личните податоци
Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имат пристап кон овие информации. Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се превземат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.
Други информации
Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници. При посетата на интернет страницата од корисниците Училница може да евидентира и информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.
Колачиња на пребарувачот на интернет
“Cookies” се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на интернет страницата, но не се поврзуваат со ваши лични податоци кои сте ни ги доставиле. Со помош на ваквите фајлови Училница го следи движењето на посетителите на страната по неа и на тој начин собира податоци за да се подобри корисничкото искуство и за да ја оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страницата. На интернет страницата има само таков тип на “Cookies” што се чуваат на компјутерот на корисникот онолку време колку што има поставено во интернет пребарувачот. Корисниците може да изберат да ги наместат своите пребарувачи на интернет да ги одбијат колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.
Промени во политиката за приватност на личните податоци
Училница има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.
Прифаќање на условите
Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.