астрономија
Тони Костов е татко на Ива која има 6 години и ја посетуваше училницата за астрономија. Тони е електроинженер, вработен во мултинационала ИТ компанија. Сопруг е на Маја, успешна и професионална личност и посветена мајка и татко e на три прекрасни девојчиња
Јасна Лековска е мајка на Јан кој има 8 години и ја посетуваше училницата за астрономија. Правник по професија, пилатес инструктор по опсесија 😂. Сопруга, сестра, тетка и мајка на две златни деца. Неверојатен перфекционист и тежок воркохолик 😍. Косопственик на Тринити место од кое задолжително си одите со насмевка на лицето .
Александра е мајка на Ведрана која има 13 години и ја посетуваше училницата за астрономија. Заедно со нејзиниот сопруг се обидуваат да најдат интересни методи преку кои нашите деца можат да научат повеќе работи и ги цениме методите кога се задржува нивното внимание и фокус.
Тамара Попов е мајка на Јан кој има 7 години и ја посетуваше училницата за астрономија. Како просветен работник повеќе од 10 години, беше навистина импресионирана од првичната идеја за претставување на основните поими во астрономијата на деца преку игра. Јан е паметно дете кое покажа неверојатен интерес за понудените теми, а ова е искуството на неговата мајка.
Мила Протуѓер е мајка на Јана која има 6 години и ја посетуваше училницата за астрономија. Јана е многу впечатливо дете кое имаше независен метод на обработка на покриениот наставен план, а ова е искуството на нејзината мајка.