Училница, секој ден!

Училница започнува со летни дневни часови за деца на возраст од 6 до 9 години.
Часовите ќе се одржуваат во текот на денот, секој работен ден од 12 до 16 часот.
Ова е прилика децата да се запознаат со основите на јазикот и сказните, ќе научат да цртаат приказни и да играат ликови.
Во текот на јули, организираме секојдневни активности со приказни од сите краеви на светот. Заеднички ќе смислуваме ликови, светови и настани и ќе ги сместуваме во приказна. Низ јазична игра и забава ќе ја развиваме креативноста и имагинацијата на децата.
📚🎨🎭 Со ментори за стрип, креативно пишување и глума ќе создадеме ликовна, визуелна и цртачка авантура за младите уметници.
12:00 – 13:00, секој работен ден
📚 Смислуваме приказни
Пат околу светот за 5 дена со приказни од сите краеви на светот. Заеднички ќе смислуваме ликови, светови и настани и ќе ги сместуваме во приказна. Низ јазична игра и забава ќе ја развиваме креативноста и имагинацијата на децата.
13:15 – 14:15, секој работен ден
🎨Цртаме приказни
Ликовна, визуелна и цртачка авантура за младите уметници. Со молив и бои, визуелно ќе ги оживееме ликовите од омилените приказни цртани филмови. Заеднички ќе создаваме наши оригинални уметнички творби и ќе го замислуваме светот преку слики.
14:45 – 16:00, секој работен ден
🎭 Игра без сцена
За сите деца кои сакаат да се изразат преку игра и глума. Заеднички ќе ги смислуваме, облекуваме, маскираме и оживееме омилени ликови. Ваков тип на практични вежби ја зголемуваат самодовербата, ја подобруваат комуникацијата и ја поттикнуваат детската фантазија.
Понудените активности може да се посетуваат заедно, но и поединечно, во текот на една недела или во текот на цел месец.