fbpx
Тони Костов е татко на Ива која има 6 години и ја посетуваше училницата за астрономија. Тони е електроинженер, вработен во мултинационална ИТ компанија. Сопруг е на Маја, успешна и професионална личност и посветена мајка, и татко e на три прекрасни девојчиња: Ива и Неда и Лена (близначиња на тригодиша возраст) кој обожува слободното време да го минува со семејството. Ива е преталентирано девојче кое покажа неверојатен интерес на темата и скоро секој час нѐ честеше со нејзини цртежи кои со задоволство си ги урамивме во Училница 🙂

Кога забележавте дека Ива има љубопитност за астрономија?
– Ива генерално е многу љубопитно дете и особено последниве две години покажува интерес за астрономија. Последниве години не пропуштивме да ги следиме ретките природни појави, како Црвената месечина, набљудувањето на Марс кој беше навистина блиску до Земјата во текот на годината, како и набљудувањето на кометата Neowise, за што Ива покажа особен интерес.

Зошто решивте да ја изберете Училница?
– Програмата на училницата по Астрономија и особено адаптацијата за возраст што одговара за Ива беше доволен мотив да ја избереме Училница.

Дали Ива сега е позаинтересирана за астрономија?
– Да, дефинитивно!

Кое беше најинтересното искуство на Ива со Училница?
– Набљудувањето со телескоп беше одлично искуство за Ива. Имавме и среќа да имаме погодни временски услови, па можеше да се набљудува и ретката појава на дамки на Сонцето. Дополнително, Ива беше фасцинирана од сознанието за Аурора Бореалис, до толку што веќе бара да резервираме патување на Исланд за да ја набљудуваме оваа појава 🙂

Кои беа реакциите на Ива по часовите?

– Видно задоволна, по пат накај дома раскажуваше што ново научила дента. Особено беше горда на цртежите и моделите кои ги изработуваше на часовите.

Кој аспект од наставната програма Вам највеќе Ви се допадна?
– Запознавањето со планетите од сончевиот систем и нивното моделирање. Исто така и набљудувањето со телескоп е одлично искуство.

Дали би ја одбрале Училница повторно?
– Дефинитивно. Веќе се запишавме на друга, училницата за стрип.

Дали сте задоволни како Училница ги спроведе потребните протоколи за одржување на настава?

– Апсолутно да! Навистина се внимаваше на протоколите и Училница заслужува само пофални зборови за доследноста во применувањето на истите.


Одлики на училницата за астрономија

  • 8 часа предавања со ментор, во живо
  • Гради интерес за наука
  • Култивира интерес за учење и нуди незаборавно искуство
  • Помага да се разбере литературата и митологијата
  • Помага да се разберат дневните рутини, мерењето на времето, календари и слично
  • Истражување со вистински телескоп

Училницата за астрономија е намената за две возрасни групи од 6 до 9 години и од 10 до 14 години. Училницата трае 1 месец, а понатаму нуди можност за продолжување кон напреден модул од истата, кој е со времетрање од 3 месеци. Пријавите за новите термини се веќе отворени, прочитајте повеќе овде и пријавете го вашето дете на 075 28 6666

Автор: Училница

Со кликање на копчето „Ок, важи“ или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. Вашите податоци се безбедни! За повеќе информации проверете на Политика за приватност & Политика за „колачиња