Blog
Денес е светски ден на детето!
На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето и на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето, во која се нагласува дека сите деца имаат права кои произлегуваат од оваа Конвенција, без оглед на тоа кои се, каде живеат, што им работат родителите, дали се сиромашни или богати, на кој јазик зборуваат, на која религија или култура ѝ припаѓаат, дали имаат некоја попреченост или инвалидитет.
По тој повод спремивме боенка која може да ја симнете спремна за боење овде
Училница цврсто верува во моќта на детето и ја испраќа следнава порака до сите деца!
„Драги деца, не плашете се да ја користите вашата имагинација. Не плашете се од грешки.
Можеби изгледа дека животот е полн со тестови, прашања, оценки и притисок, но сепак сонувајте!
Мислите се раѓаат од соништата. Личноста со големи соништа е помоќна од онаа со сите факти.
Колку повеќе читате, толку повеќе работи ќе знаете.
Колку повеќе ќе научите, на толку повеќе места ќе одите.
Бидете смели да ја користите вашата имагинација. Бидете храбри. Бидете креативни.
Бидете смешни, искрени, поинакви. Вие сте мали ремек дела.
Драги деца, ваша е иднината, Земјата и сè што таа има!“