fbpx
Јасна Лековска е мајка на Јан кој има 8 години и ја посетуваше училницата за астрономија. Правник по професија, пилатес инструктор по опсесија 😂. Сопруга, сестра, тетка и мајка на две златни деца. Неверојатен перфекционист и тежок воркохолик 😍. Косопственик на Тринити место од кое задолжително си одите со насмевка на лицето . Нејзиниот постар син, Јан е многу паметно дете кое покажа неверојатен интерес за понудените теми, а ова е искуството на неговата мајка.

Кога забележавте дека Јан има љубопитност за астрономија?
– Уште во прво одделение, кога на час по глина добија задача да направат соларен систем, тогаш и за прв пат почнавме да зборуваме за планетите 🙂

Зошто решивте да ја изберете Училница?
Затоа што во овој период понуди нешто што беше поинакво и претставуваше супер можност за учење.

Дали Јан сега е позаинтересиран за астрономија?
– “Тато мене не ме интересираат толку коли, поинтересни ми се планетите”

Кое беше најинтересното искуство на Јан со Училница?
Гледањето со телескоп веројатно, самиот момент дека часот се одвиваше приквечер на отворено, добивајќи можност конечно да ги види планетите за кои се зборуваше.

Кои беа реакциите на Јан по часовите?
Секогаш возбуден, комбинација од прераскажување на часот и потоа гледање дополнителни видео материјали на YouTube поврзани со астрономијата.

Кој аспект од наставната програма Вам највеќе Ви се допадна?
– Фактот дека се внимаваше на безбедноста, начинот на пренесување на информациите кон децата, спакуван во забавен и модерен формат.

Дали би ја одбрале Училница повторно?
Без двоумење 🙂

Дали сте задоволни како Училница ги спроведе потребните протоколи за одржување на настава?
Да, жално е што еден од фокусите во овој период мора да ни биде и овој аспект, но за време на часовите цело време се обрнуваше максимално внимание и тоа претпоставувам е олеснување за секој родител.

Одлики на училницата за астрономија

  • 8 часа предавања со ментор, во живо
  • Гради интерес за наука
  • Култивира интерес за учење и нуди незаборавно искуство
  • Помага да се разбере литературата и митологијата
  • Помага да се разберат дневните рутини, мерењето на времето, календари и слично
  • Истражување со вистински телескоп

Училницата за астрономија е намената за две возрасни групи од 6 до 9 години и од 10 до 14 години. Училницата трае 1 месец, а понатаму нуди можност за продолжување кон напреден модул од истата, кој е со времетрање од 3 месеци. Пријавите за новите термини се веќе отворени, прочитајте повеќе овде и пријавете го вашето дете на 075 28 6666

Автор: Училница

Со кликање на копчето „Ок, важи“ или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да зачуваме колачиња за да го подобриме Вашето корисничко искуство преку анализа на употребата на веб-страната, подобрување на навигацијата и прикажување на релевантна содржина. Вашите податоци се безбедни! За повеќе информации проверете на Политика за приватност & Политика за „колачиња