Мила и Јана
Нема коментари

Мила Протуѓер е мајка на Јана која има 6 години и ја посетуваше училницата за астрономија. Јана е многу впечатливо дете кое имаше независен метод на обработка на покриениот наставен план, а ова е искуството на нејзината мајка.
Кога забележавте дека Јана има љубопитност за астрономија?
– Уште на нејзини три години почна да бара да и се купуват книги поврзани со астрономија и постојано црташе планети.
Зошто решивте да ја изберете Училница?
– Ја избрав Училница поради тоа што има добри предавачи, темата ја интересираше и видов дека внимаваат на протоколите за Ковид
Дали Јана сега е позаинтересирана за астрономија?
– Да, беше многу разочарана што курсот траеше само еден месец, сакаше да продолжи да учи за небеските тела.
Кое беше најинтересното искуство на Јана со Училница?
– Гледањето со телескоп, правење на макети, комуникацијата со Радан и Марија
Кои беа реакциите на Јана по часовите?
– Беше видно возбудена и ми раскажуваше што научила часот, па дури и јас поднаучував нешто од неа 🙂
Кој аспект од наставната програма Вам највеќе Ви се допадна?
– Секој час им беше исполнет со различни содржини, цртање, моделирање, гледање на телескоп
Дали би ја одбрале Училница повторно?
– Се разбира
Дали сте задоволни како Училница ги спроведе потребните протоколи за одржување на настава?
– Презадоволна
Одлики на училницата за астрономија
- 8 часа предавања со ментор, во живо
- Гради интерес за наука
- Култивира интерес за учење и нуди незаборавно искуство
- Помага да се разбере литературата и митологијата
- Помага да се разберат дневните рутини, мерењето на времето, календари и слично
- Истражување со вистински телескоп
Училницата за астрономија е намената за две возрасни групи од 6 до 9 години и од 10 до 14 години. Училницата трае 1 месец, а понатаму нуди можност за продолжување кон напреден модул од истата, кој е со времетрање од 3 месеци. Пријавите за новите термини се веќе отворени, прочитајте повеќе овде и пријавете го вашето дете на 075 28 6666